Јавни личности, ви треба медиум?

8 мај 2015

journalism

Неодамна брендот Манго соопшти дека наскоро со работа ќе почне нивниот виртуелен центар за новинари. Во превод, тоа значи дека секој новинар во секое време ќе биде информиран за новитетите од овој бренд. Веб-страната е поделена на пет оддели – соопштенија за јавност, финансиски податоци, каталози, фотографии и трендови од секоја сезона. А за тоа е ангажиран професионален кадар.

Вакво нешто во Македонија е мисловна именка. Ако недостатокот на ваква достапност го одземеме на финансиите, бидејќи кај нас сите едвај крпат крај со крај, тогаш треба да се има барем основна размена и пласирање на информации.

Кај нас речиси сите дизајнери, пејачи, актери, личности од културниот живот, функционираат по принципот турни ме да кинисам. Новинарите ќе видат нешто на нивните профили по социјалните мрежи, па ќе им се јават/пишат на нашите познати личности. И така се извлекува по некоја информација.

EU Media Futures Forum pic_0

Одговорите што ги добиваме (новинарите) се најчесто се оскудни, не најдобро смисловно формулирани, со граматички и правописни грешки... Напишани од мрза. Од незнаење. Чест на исклучоците.

Најчесто се одговара преку електронска пошта или социјалните мрежи. Ретко кој е расположен да зборува во живо. Ако треба да се земе изјава на некој настан, тремата доминира, а течната мисла е реткост.

И во ред, ќе речете, не секој се чувствува способен да зборува пред камери, диктафони, „на препад“. Некој има потечна мисла во пишаното изразување. Не е проблем. Сè додека знаете како да си го презентирате и промовирате производот, песната, колекцијата, претставата, нас не ни претставува проблем.

Scoial media

Но, повеќето не знаат. Непријатноста оди дотаму што ние се чувствуваме како вие нас да ни правите услуга што сте одвоиле време да ни одговорите. Можеби треба и да се извиниме...

Светските ѕвезди од шоу бизнисот се во позиција да бираат каде ќе се појават. Сметате дека и кај нас треба така? Дека и вие сте во позиција да бирате? Со оглед на малиот пазар и публика, нашата логика е дека треба да бидете задоволни и среќни што ќе ве има на што повеќе медиуми, затоа што не знаете каде се крие вашиот нов клиент, купувач, соработник...

Ако сметате дека во Македонија има ексклузиви или токму вие ги имате, и ги објавувате преку еден договорен медиум, супер. Но, бидете доволно професионални и проследете ја веста потоа до сите останати. Повторно, не знаете кој може да прочита за вашата нова колекција, албум, ангажман...

Burberry films its S/S 2014 show using the iPhone 5S

Во Fashionel.mk за овие две години колку постоиме сме направиле интервјуа со дизајнери, стилисти и личности од различни сфери на јавниот живот како од соседството, така и од странство. Секој од нив максимално нè испочитува при соработката. Организаторите на Моден викенд Скопје без проблем ни ја овозможија на пример, Ивана Пиља, која немаше никаков проблем и покрај густата агенда и адреналинот, да одвои време за нас колку што ни е потребно. Како и сите останати гости од странство. И веднаш разменуваат контакти, праќаат информации. Михано Момоса не го чекавме ниту еден ден. Дизајнерите од Америка, Британија и Европа не ги чекавме ни ден повеќе од договорениот термин. Веднаш се чувствува разликата. Тие што можат да си дозволат да бидат ѕвезди и недостапни, најмалку се однесуваат така.

microphones-lined-up-media-interview

Можеби си велите, па лоша е ситуацијата секаде и во медиумите и во културниот живот, па сакале или не, зависни сме едни од други. Но, не. Се опстојува и со вести од регион и од странство. Тие се меѓу најчитаните. За жал, но вистината е таа. (Кој кого копира; Спајс Грлс повторно се обедиција за роденденот на Дејвид Бекам; Бланка Бојовиќ: Дизајнерка што ги отвора модните порти во Лондон ; Вествуд во Будва: Балканската публика беше сведок на светски моден спектакл; Мирела Прислец - Елементал;  Ивана Рабреновиќ: Даниел Кајмакоски е мојот манекен за се; и уште многу други...)

И да немате средства за ПР агенција да ви ги води односите со медиумите, бидете доволно професионални и размислувајте деловно. Добра фотографија, добар текст, добра кампања и застапеноста во медиуми продава.

shutterstock_110730098

Ова не е молење, туку совет, предлог. Ние и вака и така ќе најдеме вест. А како функционирате вие? Или можеби имате доволно работа и доволно сте достигнале, па не ви треба реклама?

Како јавна личност, вие имате општествена и културна одговорност да соопштите за вашите деловни подвизи. Имате одговорност кон оние што се ваши следбеници, обожаватели. Ако веќе учествувате во градењето на културниот живот во државата, тогаш бидете доследни до крај и информирајте. Но, информирајте на ниво што доликува на професионалци.

Да не заборавиме, се' уште гледате реклами на Шанел, Диор, Гучи и останатите во магазините и читате за нивните подвизи. И најбогатите и најславни модни брендови, дизајнери, пејачи, актери се потпираат на медиумите и одвојуваат средства за реклама.

ad2

Размислувајте за вашиот имиџ. Тоа не се само креациите, добриот глас или комбинации во кои ќе се поставите. Но, на крајот, одлуката е ваша!

Објавено:
8 мај 2015
Категорија: 
Актуел