Доколку редовно ги следите хрватските серии или пак во последно време сте погледнале некој филм од тоа подрачје, веројатно ја знаете Јелена Вељача која важи за една од најпопуларните актерки.

Покрај нејзината супер кариера како актерка, таа редовно се грижи за својот стил, па на нејзиниот Инстаграм профил секојдневно можеме да видиме бројни фотографии од кул комбинации, но и такви од нејзиниот идиличен семеен живот.

Пред една година таа го роди нејзиното прво дете, слатката Лена, а во интервјуто за Journal.hr таа искрено говори за улогата на мајка и за сето она што секојдневно и се случува, вклучувајќи ги и огромните предизвици.

Во интервјуто таа вели дека целата мината година за неа била исклучително брза, со оглед на тоа што многу рано се вратила на работа и морала да компензира со домашните обврски.

Таа вели дека се изненадила од количината на умор што една мајка може да го осети, но огромното трпение и љубовта кон нејзината ќеркичка направиле тоа да биде нешто што нема да се памети.

Актерката додава дека секоја мајка има свои приоритети, но нејзините најголеми се исхраната и ритамот на животот на Лена.

„Сѐ што јадеме, готвиме дома сами. Никогаш во животот Лена не јадела нешто купено, сите кашички и ги подготвувам дома и ги јаде веднаш. Тоа најчесто се сезонски производи, односно овошје и зеленчук. Што се однесува до останатото, таа сѐ уште сака да спие со нас, сака некогаш да ја носам во раце, сака да јаде додека гледа цртани филмови и сето тоа и го дозволувам. Не ја форсирам воопшто и мислам дека така и ќе продолжам“, вели Јелена.

Во интервјуто таа говори и за една многу интересна тема, односно за доењето во јавност за кое таа нема ништо против и целосно ги поддржува сите мајки.

Ќе каже дека секогаш кога на нејзината ќерка и била потребна храна и утеха, таа била тука за неа, без разлика дали биле во кафуле, во траект, авион или пак на сред плоштад, но и дека сега е доволно голема за да почне да се одвикнува.

Во галеријата погледнете ги преслатките фотографии од Јелена и нејзината мала Лена.

Објавено:
22 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.503 пати
Извор: 
journal