Јоланда Хадид - мајката на трите супер модели

4 април 2017

Џиџи, Бела и Анвар Хадид се актуелна модна тројка и се појавуваат на сите престижни насловни страни, снимаат реклами за најдобрите модни брендови.... Тие го живеат својот младешки сон. Но, од друга страна се нормални млади луѓе, приземни и добро воспитани. Како нивната мајка Јоланда го постигнала сето ова?


„Никогаш не им дозволив да се занимаваат со овој бизнис пред да наполнат 18 години. Не сакав никој да ги осудува според начинот на кој тие изгледаат. Сакав да се чувствуваат автентично,  да пораснат во нормални човечки суштества и мислам дека тие креираа извесна сила во себе за да бидат свесни кои се и што се“, вели Јоланда.


Наградата „Мајка на годината“  Јоланда Хадид ја доби на неодамнешниот настан во организација на Лајфтајм телевизијата каде се емитува ново реално шоу „Мајките на моделите“. Како поранешен модел, таа извонредно добро го познава светот во кој сега работат нејзините деца. На Јоланда како мајка никогаш не и бил приоритет колку се убави нејзините деца, туку ги насочувала фокусот да им биде кон нивното самочувство и ставот кон другите луѓе.


„Секогаш им велев, има илјадници други девојки како вас, поубави од вас, но вие имате извонредно добар карактер и ќе се поставите себеси така што ќе бидете пример за останатите со тоа што ќе ја покажете својата љубезност и доброто воспитување на сите околу вас и тоа преку примери од вашето однесување, почнувајќи од вашата шминка, па се до тоа да ја оставите вашата гардероба уредна. Кога јас бев модел немав каде да се искажам докрај, јас бев само убаво лице. Во денешниот свет ова се смени сосема. Имате платформа, имате одговорност да живеете доследен живот и ако не можете да го победите тоа и да се носите со истото, тогаш не треба да бидете во овој бизнис“, додава таа.

 

Објавено:
4 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.557 пати