Кајли Џенер го претрка Марк Цукерберг

12 јули 2018

„Во 21-вата година, таа ќе стане најмладата милијардерка која сама успеала. Добредојдовте во времето на екстремното влијание на славата“, вака гласи најавата на „Форбс“ за августовскиот број, чија насловна страна ја краси Кајли Џенер.

Таа на 10-ти август ќе го прослави 21-виот роденден, со богатство кое во моментов се проценува на 900 милиони долари. Со оглед дека во последните 18 месеци, нејзината компанија „Кајли Козметикс“ остварила заработувачка од дури 420 милиони долари, се верува дека 100-те милиони што ѝ недостасуваат за  официјално да стане милијардерка ќе успее да ги заработи најдоцна за година дена. Инаку, вкупниот износ од 900 милиони е остварен за помалку од три години, што е сè што треба да знаеме за нејзиното влијание и популарност.

Со тоа, таа ќе го симне од врвот Марк Цукерберг, кој досега важеше за најмладиот милијардер, а тоа му успеа на 23-годишна возраст. 

Оваа информација секако побуди интерес кај јавноста, но многумина и му замерија на „Форбс“ за делот „Милијардерка која сама успеала“, потенцирајќи дека тоа значи дека успеала без било чија помош, дека почнала од нула и изградила богатство, а во нејзиниот случај познато е дека тоа не е така.

„Целта ни е во иднина да направиме цела инфраструктура, за овој бренд да може да заживее во целиот свет. Кајли само „загреба“ по површината“, потенцира нејзината мајка и главната фигура во нивото семејство, Кајли Џенер. 

Таа додава дека Кајли сè уште е единствената сопственичка на брендот. 

Со кое темпо ќе се одвива патот кон милијардата, останува да видиме, но едно е сигурно - без разлика дали ви се допаѓа ова семејство или не, не можете да го оспорите влијанието кое го имаат и успехот што го постигнаа сите членови поединечно.

Инаку, целото издание на „Форбс“ за август е посветено токму на жените милијардерки.

 

 

Објавено:
12 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
469 пати