Како да изберете фармерки ако имате вишок килограми

20 ноември 2017

Кои фармерки најдобро ќе ви стојат, зависи од тоа каде имате вишок на своето тело и затоа постојат генерални правила.

Ако сте со изразени облини, тогаш сигурно знаете дека не е воопшто лесно да го најдете бројот на фармерки кој ќе ви прилега. Да, има еластин во поголемиот дел кај фармерките од една едноставна причина - тие мора да прилегаат на секого оти се најносено парче облека.

Кои се правилата?


1.Што е потемен џинсот тоа е подобро.Темните, црните фармерки се секогаш шик, повеќе прикриваат и може да ги комбинирате во дневните комбинации, но и кога излегувате навечер со пријателите на некоја вечера.

2. Избегнувајте ги фармерките кои наликуваат на вреќа, во нив само ќе изгледате покрупно. Но,исто така не бирајте и премногу тесни фармерки.


3. Растегливите фармерки се ваши пријателки. Тие ќе ви помогнат полесно да се движите и го задржуваат оригиналниот изглед во текот на денот.

4. Големините се разликуваат од бренд до бренд. Кога барате совршен пар на фармерки, бидете трпеливи и пробајте колку што е можно повеќе величини и модели. Сосема е неважно која величина на крајот од денот ќе ја купите, важно е тие да ви прилегаат добро и да се чувствувате удобно во нив.

5.Ако сакате визуелно да ги продолжите вашите нозе, ќе побарате трапезна форма. Онаа непрекината линија од горе, па сè до долу, ќе ве направи навидум повисока и слободно може да ги носите со потпетици.


6.Ако ве мачи стомакот тогаш никогаш нема да бирате фармерки со низок струк, туку само со средно висок или висок. Секогаш гледајте го составот, треба да е само 10% еластин, а90% памук. Поцврст џинс повеќе ќе ве стегне околу стомакот.


7.Ако сакате визуелно да ги стесните вашите колкови исто би требало да се одлучите на потемна боја и „буткат“ форма. Ибегнувајте избледени фармерки затоа што тоа ќе ви ги открите недостатоците. Изборот ќе биде уште подобар ако се одлучите да облечете маичка во светла боја и на тој начин ќе избалансирате помеѓу горниот и долниот дел.


8.Ако сакате задникот да ви изгледа помал секако повторно треба да се одлучите запотемен џинс и со големи џебови и тоа без никакви детали.

Објавено:
20 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.191 пати