Како да купите најдобар капут за вас

23 ноември 2016

Купувањето капут е голема инвестиција и затоа одвојте време кога сакате да се подновите и бидете упорни се додека не го најдете иделаниот модел за вас.

Линијата на рамениците е најважна и таа не можете да ја преправите. Должината е исто така важна, но тоа може да го средите со корекција.

Ширина

Кога пробувате капут носете на себе две парчиња, џемпер и тенка блуза. Капутот мора да ви биде удобен. Ако ви е тесен пробајте поголем број или друг модел. Ако носите вообичаено сако, задолжително пробајте го со капутот.

 

Движење

Проверете дали слободно се движите со капутот. Подигнете ја едната рака за да може да маневрирате слободно, не смее да ве затега.


Должина

Должината ја бирате според вашата висина. На ниските дами најдобро им одговараат  капути кои имаат должина до колената, но и пократки. Високите дами може да носат капут било која должина. Моделите до колена се најблагодарни, убаво изгледаат и со здолниште и со панталони.


Раменици

Линијата на рамениците треба да завршува на самата ивица од рамото. Оние модели кои се пошироки во рамениците ја губат женствената линија, а оние пак кои се потесни ќе делуваат како да ви се мали.


Ширина на ракавите

Ракавите не треба да се прешироки, но доволно широки за да може да се облечете добро во ладните денови.


Должина на ракавите

Ракавите треба да завршат два до три сантиметри преку рачниот зглоб. Ако се до зглобот тогаш се кратки. Најдобра должина за три четврт ракав е на половина должина помеѓу лактот и рачниот зглоб.

Без разлика од кој материјал е изработен капутот, мора добро да прилега, да креира заводлива силуета и да има убава вертикална линија која никаде не се прекршува.

Секако дека се важни и реверите, високиот околувратник или шал крагната се атрактивни, но прилегаат на високи жени.

 

Објавено:
23 ноември 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.937 пати