Како да разликувате копија од оригинал?

4 јануари 2017

Веројатно многу често сте наишле на бројни копии на парчиња од познати дизајнери, понекогаш дури и совршено пресликани што не можете да верувате дека не станува збор за оригинал.

Кога станува збор за чантите на Луј Витон како едни од најкопираните во светот, важно е да го проверите датумот на ознаката на внатрешната страна кој би требало да биде втиснат на мало парче кожа.

Дизајнерските парчиња се голема инвестиција, особено за оние кои истите не ги купуваат толку често. Најлошото што може да ви се случи е да ви подметнат копија наместо оригиналот, што се случува многу често.

Директорот на онлајн продавницата за луксузни работи TheRealReal, Греам Вецбаргер има неколку стручни совети за тоа како секогаш да ја проверите автентичноста на дизајнерските парчиња.

Како што посочивме погоре, има посебни начини да се провери дали станува збор за копија или оригинал, а покрај малото парче кожа во торбите на Луј Витон, проверете и дали го има логото на брендот на патентите.

Кога станува збор за познатата Шанел торбичка, најдобриот начин за разликување вистинска од лажна торба е логото. Доколку во малиот круг во кој е поставена буквата „C“ вкрстена со уште една, ја најдете и буквата R, тогаш дефинитивно станува збор за копија.

Шиењето треба да е совршено од сите страни, а на дното на торбата треба да пишува Chanel Paris. Ако ниту тогаш не сте сигурни, проверете го малиот холограм внатре на кој се наоѓаат две логоа и сериски број од седум до осум бројки.

Постојат неколку начини за препознавање на лажните торби на Ермес. Металните делови треба да се златни, а плочката на предниот дел да биде прицврстена од четири страни.

Исто така, печатот на врвот на торбата треба да биде рамен и да одговара на металниот дел. Покрај тоа, овие торби мораат да имаат скриен печат што ја означува годината на изработка и личноста која ја направила торбата.

Добро прочитајте ги овие совети пред да тргнете во шопинг!

Објавено:
4 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.111 пати