Како е создаден жолтиот фустан за убавицата Ема Вотсон

18 ноември 2016

Во анимираната верзија на „Убавицата и ѕверот“, Бела носи прекрасен жолт фустан, кој сите го паметиме. За филмската верзија, чија премиера се очекува на 17-ти март 2017 година, направена е иста реплика.

Ема Вотсон во интервју за „Ентертејмент Викли“ откри како е создадена креацијата за која вели дека е совршенство.

-Навистина со задоволство прифатив да учествувам во неговто создавање и да бидам сигурна дека ќе биде сосема магичен. Важноста на фустанот е во сцената со танцот. Таа сцена кога го носам фустанот и танцувам во него, вистински ја раскажува приказната за вљубувањето на Ѕверот и Бела. Знаете, немаме многу време во приказната за да ја раскажеме приказната. За мене, танцот е моментот кога гледачите навистина почнуваат да гледаат што се случува и знаат што се случува. Фустанот, танцот, светлината на свеќите и музиката – беше навистина забавно да се работи на секој аспект одделно – открива актерката.

Инаку, за костимографијата е задолжина Жаклин Дуран, која исто така откри дел од процесот.

-Во филмското остварување фустанот нема да има корсет како што тоа е случај во цртанот. Промената доаѓа и од барање на Ема. За неа беше важно фустанот да биде лесен и да може да се движи слободно во него. Во реинтерпретацијата на Ема, Бела е активна принцеза. Затоа, таа не сакаше фустан со корсет, што ќе ја ограничи на било каков начин – вели Дуран.

А еве како и од што е изработен фустанот за кој сите зборуваат:

Материјал: Пред да почне изработката на фустанот, Дуран морала да ја најде вистинската нијанса на жолта. Тоа подразбирало тестирање на камера на бројни ткаенини сè додека да се најде вистинската. На крајот тоа била свилена органза, во комбинација со сатен, за фустанот да не биде премногу транспарентен.

Волумен: Вотсон мора да носи т.н.кринолина под волуменозното здолниште, но само под неколку слоја. Дуран вели дека поголемиот волумен доаѓа од слоевите органза, за фустанот да биде полесен.

Чевлите: Иако Вотсон не ја игра Пепелашка, сепак нејзините обувки несомнено се деликатни. Новата Бела носи реплика на чевли од 18 век, што имаат потпетица и се рачно сликани со златни цветови. Сепак, се внимавало и на удобноста, за да може и да трча во нив.

Пердуви: Ако погледнете подобро, со фустанот на Бела одат и детали од пердуви. Неколку дури се вметнати и како моден додаток за коса.

Златна: Како финален момент, златните лисја и сјајот се насликани рачно на фустанот, како реплика на позлатениот дизајн на подот во дворот, односно салата каде танцуваат.

Објавено:
18 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.678 пати