Како изгледа денес Бланкет Џексон?

27 декември 2017

Бланкет, третото дете на Мајкл Џексон не можете да го видите никаде по социјалните мрежи ниту пак по други медиуми, за разлика од неговата сестра Парис која ја започна кариерата како фотомодел. Најстариот од нив Принс Џексон се успешно се занимава со видео продукција и се појавува на интервјуа.

 

За Бланкет кој наполни 15 години, се грижеше Кетрин Џексон како негов старател, се до неодамна кога се обрати со официјално соопштение дека не може повеќе да се грижи оти е многу стара. До неговата 18-та година старателството е доделено на неговиот братучед Ти Џеј.

Оваа фотографија ја објави Парис Џексон и на тој начин ги честитаа празниците. Бланкет се појавува со името Би Џеј или Биги. По погребот на татко му, Бланкет не се појавува во јавноста. Вака изгледа Бланкет денес!

Објавено:
27 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.000 пати