Како Марио Тестино ги гледа мажите?

10 декември 2016

Познатиот фотограф Марио Тестино ја промовираше неговата нова книга со повеќе од 300 фотографии од мажи, меѓу кои и некои навистина познати светски имиња.

Тој во својата кариера има направено повеќе од 60 насловни страници за модната библија Вог, како и бројни рекламни кампањи, едиторијали, видеа и што уште не.

Во неговата нова книга со фотографии тој ја слави машката убавина, а во истата ќе погледнете преку 300 фантастични портрети што тој ги снимил во текот на неговата кариера.

Во истата ќе препознаете и голем број од светските актери, музичари и уметници кои застанаа пред објективот на нивниот пријател и еден од најпознатите фотографи на светот.

Меѓу згодните мажи можеме да го видиме и Орландо Блум, Бред Пит, Дејвид Боуви, Дејвид Бекам, Мик Џегер, Џош Хартнет и кој уште не.

Поголемиот дел од фотографии сместени во книгата се направени сосема случајно за што многумина ќе кажат дека тие впрочем и се најдобрите.

Истите се направени за време на снимање на разни реклами, едиторијали и фотосесии што ги прави уште поинтересни. 

Објавено:
10 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
151 пати