Како НЕ треба да носите хеланки?

26 ноември 2018

Хеланките се дефинитивно едни од најризичните парчиња облека, па затоа секогаш треба добро да внимавате со што ќе ги комбинирате.

Модните експерти предупредуваат дека за секогаш да бидете сигурни, одберете хеланки во бои како црна, темно сина и темно кафени и не се трудете премногу да експериментирате.

Тие советуваат и секогаш да ги носите со малку подолги блузи, иако девојките по социјалните мрежи и познатите го прават токму спротивното.

Во момент кога широките џемпери и блузи се вистински хит, имате голем избор да ги комбинирате истите со што и да посакате.

Фото: The Sister Studio

Хеланките се парче што го обожаваат познатите дами како Ким Кардашијан, Џенифер Лопез, Кендал Џенер, а секоја од нив истите најчесто ги комбинира со куса маичка или тренди блузок со кој задолжително им се гледа стомакот.

Во галеријата ќе погледнете некои од ѕвездите кои обожаваат хеланки, но ваквиот изглед дефинитивно треба да го задржиме единствено за салата за вежбање.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
26 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
871 пати