Како се толкува изгледот на дамите Трамп на обраќањето на Доналд на Конгресот?

9 февруари 2019

Говорот за состојбата на Унијата е годишно обраќање на претседателот на САД кон Конгресот, кое е задолжително. Годинашното обраќање на Трамп се одржа неодамна, а тоа секако предизвика и големо медиумско внимание.

Но, додека едни го коментираа извештајот на Трамп, други се фокусираа на тоа како изгледа неговото семејство, поточно дамите Трамп.

Меланија се одлучи за црн „Барбери“ капут со строга линија. Иванка Трамп го следеше нејзиниот пример, па се појави во костим од „Александар Меквин“ со строга, војничка линија, а фигурата ја потенцираше со црн широк ремен.

И покрај тоа што и двете изгледаа беспрекорно и моќно, вниманието сепак отиде кај Тифани Трамп. Таа спротивно на останатите членови од семејството, се одлучи за бел комплет, исто така со широк ремен, од Ролан Муре, кој пак, лани го носеше и Иванка Трамп. 

 

Не само што ја споредуваа со сестрата, туку на социјалните медиуми на големо се коментираше посебно изгледот на Тифани. Многумина се прашуваа која е пораката што таа сака да ја прати, ако воопшто знае дека со облеката праќа порака.

Имено, годинава, претставничките на Републикаците во Конгресот носеа бела боја во знак на поддршка на женската солидарност. Лани пак, носеа црно, како поддршка на движењето на #MeToo. Меланија лани им се спротистави со бел „Диор“ костум, порачувајќи токму дека е солидарна со останатите жени, но и своја. Во толкувањата на нејзиниот избор се спомнуваше и Хилари Клинтон, како и нејзиниот сопруг, а на тоа ве потсетуваме ТУКА.

Пораката на Тифани не е баш јасна. Дали сакала да покаже солдарност кон жените, но да им се спротистави на жените од нејзиното семејство. Некои нејзиниот ископиран изглед го толкуваа и како „Не знае што да облече, па го отворила плакарот на Иванка и го облекла она што веќе таа го носела“. Исто така, некои го толкуваат тоа како да сака да покаже дека се разликува од остатокот од нејзиното семејство, или пак дека воопшто не се заморува со политиките што ги води татко ѝ.

 

Без разлика која е вистинската причина, Тифани го привлече вниманието, иако модните комплименти сепак отидоа на сметка на Иванка и Меланија. 

 

 

 

 

 

Govor o stanju Unije je godišnje obraćanje predsednika SAD-a Kongresu na zajedničkoj sednici oba doma (Senata i Doma predstavnika),

Објавено:
9 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.046 пати
Тагови: 
дами Трамп