Како волната да изгледа секси

28 јануари 2014

i.3.joseph-altuzarra-woolmark-prize-fashion-01

Џозеф Алтузара го има одговорот. Тој се надева дека колекцијата која ќе биде прикажана на натпреварот The Woolmark International Prize ќе „дише“ со сексапил и сензуалност.

Дизајнерот минатата година ја освои престижната награда Woolmark на американскиот моден натпревар, а оваа година ќе ги претставува САД на меѓународното финале, во кое ќе се бори против британскиот бренд Sibiling, индискиот дизајнер Rahula Mishre младиот Christopher Esber од Австралија и кинеската двојка ffiXXed.

Меѓународната награда се доделува на светските дизајнери во подем, со акцент на различните интерпретации на мерино волната во нивните колекции. Натпреварот ќе се одржи во текот на модната недела во Милано, на 23 февруари, а жири комисијата ја сочинуваат уредничката на италијанското издание на Вог, Франка Созани, креативниот директор на Гучи, Фрида Џанини.

Џозеф сака да презентира впечатливи парчиња, но ќе остане доследен на она што и инаку го претставува.

„Очигледно е дека испирацијата е волна, но сакав да создадам колекција во склад со Алтузара - секси, сензуална, заводлива. Размислував за тоа дека волната е култен материјал и остана во врвот сите овие години... Сакав да се фокусирам на техниката, , па затоа боите се светли, за да можат да се истакнат деталите“, вели дизајнерот.

А еве дел од она со што ќе се претстави.

altuzarra

INTERNATIONAL WOOLMARK PRIZE USA Regional Awards 2013

 

Објавено:
28 јануари 2014
Категорија: 
Актуел