Кампањата на Кара против британското МВР не успеа

3 април 2014

Голем број познати личности, меѓу кои и топ моделот Кара Делевињ, вложија сили да и помогнат на студентката Јашика Багерати. Сепак и покрај потпишаната петиција против депортација на младата девојка, завршницата не е со позитивен исход и таа беше вратена на Мауритиус.

Вчера судијата при Врховниот суд одби да и даде налог на Багерати со кој што и овозможува да остане во Велика Британија, заедно со своето семејство. За целиот процес да има среќна завршница, адвокатите на Багерати инсистираа предметот да го преземе Апелациониот суд, но и таа опција не беше прифатена.

Младата девојка живее во Северен Лондон од 2011година, откако нејзиното семејство  успеало да избега од екстремните услови во кои егзистирало, и сега 19 годишната девојка е присилена да се врати на Маурититус и тоа на само неколку недели пред да ја земе официјалната диплома за завршено средно образование.

На својот Твитер профил Делевињ во знак на поддршка за оваа девојка во својот статус „Стоп за депортација на студентите. Тие заслужуваат иднина“, директно и се обрати на министерката за внатрешни работи Тереза Меј.

И покрај петицијата која собра 175.000 потписи и протестот кој што се организираше во Лондон, апликацијата на Багерати беше одбиена од страна на одговорните органи.

Објавено:
3 април 2014
Категорија: 
Актуел