Канје Вест има нова кампања со познати ликови

14 јуни 2018

Популарниот рапер и дизајнер Канје Вест има нова кампања која деновиве ја објави на Инстаграм, а во која главни лица се познати инфлуенсери облечени во негови креации.

Овојпат, во центарот на кампањата се најдоа неговите популарни патики YEEZY 500 во жолта нијанса или популарно наречена Super Moon Yellow.

Покрај патиките, во кампањата ќе погледнете некои од неговите најпопуларни парчиња во кои често можеме да ја видиме неговата сопруга Ким Кардашијан.

Фотографиите ги направи Ели Расел Линец, 28 годишен режисер кој режираше и еден од најсекси спотовите било кога направени „Fade“.

Во кампањата повторно се појавуваат и сестрите Клермонт кои дизајнерот ги ангажираше и за минатата кампања кога глумеа двојнички на Ким Кардашијан.

 

Објавено:
14 јуни 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
341 пати