Кара Делевињ е драматична девојка за Сен Лоран

31 март 2016

Иако неодамна имаше гласини дека оваа девојка се повлекува од модната сцена, Кара Делевињ се враќа во совршено светло за новата кампања на Сен Лоран. 

Прекрасната и бунтовна манекенка која стана актерка, позира во неверојатни креации на модната куќа за нивната нова колекција насловена како La Collection De Paris. 

Брендот ги објави фотографиите една по една на нивниот профил на Твитер, со информација дека кампањата била направена на 17 – ти овој месец во Њујорк. 

Веднаш по објавувањето на фотографиите, младата актерка и модел ги постави истите на нејзиниот Инстаграм профил со објаснување дека никогаш и не се повлекла од модната сцена. 

Таа е позната како муза на Сен Лоран, па така досега можевме да ја видиме во нивната кампања во 2013 – та година за првата колекција на креативниот директор Хеди Слимејн. 

Според објавите, последната кампања на брендот е фотографирана токму од Хеди, кој важи за еден од омилените во модните кругови. 

На фотографиите, манекенката изгледа подобро од кога и да е, со драматична шминка и фризура, облечена во парчиња од последната колекција на брендот.

Објавено:
31 март 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
156 пати