Кара Делевињ во друштво на нејзините Инстаграм избраници во новата кампања на DKNY

1 октомври 2014

Идејата за кастинзи преку социјалните мрежи дефинитивно ја започна Марк Џејкобс, но неговите колеги успешно ги следат неговите чекори.

Соработката помеѓу Кара Делевињ и Дона Каран Њујорк резултираше со одлична кампања за брендот во која покрај манекенката, се појавуваат и други шест свежи лица одбрани преку Инстаграм.

Фотографиите за кампањата на брендот ги направи Кристијан Мекдоналд, кој заврши одлична работа претставувајќи ја Кара и нејзините пријатели во една поинаква урбана улична приказна.

Помеѓу кандидатите што манекенката ги одбра преку фотографии објавени на Инстаграм, има и студент по графички дизајн, модел и фотограф, а целата колекција на Кара за DKNY ќе можете да ја видите веќе следниот месец.

Објавено:
1 октомври 2014
Категорија: 
Актуел