Кардашијан Вест маркетинг...

8 јуни 2016

Канје Вест честопати себеси се нарекува Пикасо, Стив Џобс, се споредува со историски ликови кои го задолжиле светот со својот талент.

Светот на модата има спротивставени ставови за него, но несомнено дека е одличен музичар. За дизајнер е прилично дискутабилен момент.

Единствениот момент кој не може да му го оспорите е неговата харизма. Знае да се однесува прилично полудено кога го гледаме на неговите настапи, слично како кај оние американски проповедачи на телевизија.

Скока, вика, силно гестикулира, ги полудува водителите, но од аспект на шоу бизнис публиката се забавува бескрајно и добива аплауз за сето тоа.

Вест е несомнено мегаломан, секој еден кој ги гледал неговите интервјуа може да заклучи дека е толку упорен и подготвен сѐ да вложи во својата дизајнерска кариера и сака по секоја цена да е подобар од Оливие Рустенг, па дури и да биде негова нова верзија.

Не заборавајте, Вест е во брак со најголемата ПР машинерија во светот. Велат дека 70 проценти од неговиот комерцијален моден успех го има добиено преку неговата сопруга.

Имено, неговата жена и нејзините сестри вкупно имаат преку 200 милиони следбеници на социјалните мрежи. Секоја од нив, барем еднаш носела капа, маичка со логото на Yeezy.

Само како пример, *Yeezy Boost 350* моделот на патики беа рекордно продадени за само два часа по цена од 350 долари.

Секако дека на оваа продажба придонесоа кланот сестри со перверзно „силување“ преку нивните профили на Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

Хипотетички, ако Вест соработувал со било која престижна маркетинг агенција ни одблизу немаше да ги постигне овие бројки на продажба.

Ви станува јасно нели, зошто сите модни портали ја објавуваат веста за новите чизмички  Yeezy 2, на која ѝ претходеше агресивна кампања на сестрите по социјалните мрежи со обврзните коментари и симболи.

Ким прошета со получизмичките пред наредени 50 папараци, а фотографиите беа објавени на сите дигитални медиуми, со што продажбата беше однапред гарантирана. Зад оваа колекција на Вест, не стои никој друг туку уредничката на австралискиот Вог Кристина Сентера која патем е заслужна за изгледот на Ким во последно време.

Во колекцијата се претставени шест модели со нагласен акцент на чизмичките кои се изработени од растеглива волна и ПВЦ. Цената е „изгор“ и се движи од 450 до 950 американски долари.

Не се чудете, има кој да ги купи!

Бејби Мама

Објавено:
8 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
842 пати