Карл Лагерфелд ја откри вистинската година на раѓање

29 април 2013

Во интервју за магазинот Paris Match, креативниот директор на Шанел откри дека години наназад не ја знаел точната година на неговото раѓање. По смртта на неговата мајка дознал дека е роден на 10 септенври 1935, а не 1938 година. Но сепак и понатаму останува нејасно зошто неговата мајка ја сменила годината на раѓање.

Karl+Lagerfeld+Karl+Lagerfeld+Out+Lunch+Rome+Yo-4q5S3Cshx

Неодамна модниот дизајнер беше сликан без темните очила за сонце кои се негов заштитен знак. Причината била тоа што Лагерфелд сакал на своите пријатели да им ги покаже фотографиите од неговата мачка Шупет, сликани на мобилниот телефон. Сите оние кои го следат неговиот стил, знаат дека тој ретко се појавува без очилата за сонце, па токму поради тоа кафе- средбата во Рим со неговите пријатели предизвикала големо внимание.  На професионален план, дизајнерот неодамна изјави дека ќе продолжи со својата работи бидејќи верува дека секоја наредна колекција може да ја сработи подобро од претходната

Karl+Lagerfeld+Karl+Lagerfeld+Out+Lunch+Rome+CWGanZynySCx

Karl+Lagerfeld+Karl+Lagerfeld+Out+Lunch+Rome+Yo-4q5S3Cshx

Karl+Lagerfeld+Karl+Lagerfeld+Out+Lunch+Rome+PJVa7w7K7u5x

Karl+Lagerfeld+Karl+Lagerfeld+Out+Lunch+Rome+F6p9DtI_7ytx

Објавено:
29 април 2013
Категорија: 
Актуел