Карли Клос танцува во бело

23 декември 2014

Трендовите кои ги поставија ресорт колекциите особено за наредната жешка сезона се покажаа како навистина инспиративни. Она што особено привлече внимание е што задолжително парче во сите линии е малиот бел фустан. Да, добро прочитавте, малиот бел фустан. Се чини дека LWD е исто толку инспиративен како и малиот црн фустан. Без разлика дали станува збор за макси или краток фустан, во бохо стил, изработен од тантела, лесни материјали, дизајнерите гласно се согласија дека дамите во него изгледаат многу пософистицирано и слободно.

По тој повод шармантната русокоса манекенка Карли Клос сними три видеа во кои моделот танцува носејќи петнаесет различни бели модели на фустани. Несекојдневна можност да ги запознаете двете урбани страни на Клос. Таа изгледа неверојатно романтично и ангелски преку ден и ѓаволски заводливо во ноќта. Сигурно ќе уживате во краткиот перформанс , а пробајте да го одберете и вистинскиот модел на бел фустан со кој ќе освојувате каде и да се појавите.

Објавено:
23 декември 2014
Категорија: 
Актуел