Каролина Херера го тужи брендот „Оскар де ла Рента“

26 декември 2016

Нов скандал на повидок во светската модна индустрија. Американската дизајнерка Каролина Херера одлучи да упати тужба на модната куќа „Оскар де ла Рента“. Причината е што тимот на Де ла Рента ја ангажирал креативната директорка на Херера, Лора Ким, а не смеел.

Инаку, Ким и дизајнерката веќе извесно време имаат несогласувања, па Лора одлучила да ја прифати понудата во конкурентската модна куќа, што ја налутило Каролина.

Токму затоа, како пренесува WWD, дизајнерката одлучила да ја тужи модната куќа, сè со цел Ким да не може да работи таму пред април 2017-тата година.

Лора Ким

Доколку нејзината тужба биде уважена, тимот на „Оскар де ла Рента“ би можел да се најде во проблеми, бидејќи новиот креативен тим (Лора Ким и Фернандо Гарсија) својата прва колекција за оваа куќа треба да ја презентираат за два месеца на модната недела во Њујорк.

За потсетување, на Ким и Гарсија ова не им е прва соработка со „Оскар де ла Рента“, па познавајќи ја одлично естетиката на куќата и нивниот модерен пристап, и двете засегнати страни гледаа на идната приказна како мошне успешна.

Ким и Гарсија

Но, Херера не мисли така. Според неа, Ким го прекршила договорот што го потпишала порано годинава, во кој се вели дека таа има право да работи за некоја од конкурентските куќи шест месеци по заминувањето од брендот на Каролина Херера.

Крајната пресуда на Врховниот суд на Њујорк е во корист на дизајнерката, па Ким има забрана за работа за „Оскар де ла Рента“, додека обивнителството не докаже поинаку.

Но, тука има уште нешто. Како пренесува пак сајтот „Fashionista“, Ким била заслужна за најуспешната колекција (читај најпродавана) на Каролина Херера за нејзиното 35-годишно работење. Токму затоа од компанијата „Puig“ (во чија сопственост е и брендот „Каролина Херера“ ѝ било поудено местото на креативна директорка, со годишна плата во изност од милион долари, со што комплетно би ја заменила Херера во таа работа, а притоа би можела еден ден во неделата да работи и за својата модна куќа „Монс“.

Херера вели дека не е запознаена со ваквата понуда, а Ким пак вели дека често добивала коментари од дизајнерката дека воопшто не ѝ се допаѓа нејзиниот дизајн и дека единствено таа може да дизајнира колекција во духот на нејзиниот бренд.

Каков ќе биде конечниот резултат на оваа правна, но и лична препирка, останува да видиме.

Објавено:
26 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
911 пати