Каролина Херера преку мобилна апликација се доближува до обожавателите

22 август 2014

Модната куќа Каролина Херера овој месец  лансира апликација за сите љубители и клиенти. Како што гласи официјалното соопштение на реномираниот бренд, не станува збор само за алатка што ќе ја подобри продажбата, туку и комуникацијата со потенцијалните купувачи. Апликацијата е насловена  „Herrera Style“ и нуди асистенција при купувањето преку мобилен уред.

 

Секако, сите корисници навремено ќе бидат известени и за сите новитети поврзани со попусти, акции и нови колекции. Модната куќа Каролина Херера веќе изгради углед, благодарение на истоимената основачка, за која често се зборува во суперлативна форма.

 

Објавено:
22 август 2014
Категорија: 
Актуел