Кејт Мидлотн повторно бремена!

4 септември 2017

Пред неколку месеци, поточно за време на турнејата на Кејт и Вилијам во Полска, се појавија гласини дека Војвотката од Кембриџ е повторно бремена.

фото: eonline.com

Но, официјалната потврда доаѓа дури сега и тоа од Кесингтонската палата.

„Нивното височество, Војводата и Војвотката од Кембриџ, со задоволство соопштуваат дека Војвотката од Кембриџ го очекува третото дете.

Кралицата и членовите на двете семејства се пресреќни од новостите.

Како и во претходните две бремености, Кејт (35) страда од трудничка хипермеза, па нема да може да присуствува на најавениот настан за денес. Ќе остане згрижена во својот дом, во Кесингтонската палата“, се вели во соопштението.

фото: Твитер

 Инаку, трудничка хипермеза (hyperemesis gravidarum) е појава на сериозни утрински мачнини, кои доведуваат до дехидратација и бара соодветен третман.

Вилијам и Кејт веќе имаат две деца, синот Џорџ и ќерката Шарлот.

фото: eonline.com

фото: eonline.com

Објавено:
4 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.682 пати