Кејт Мидлтон со зелениот фустан ја разлути јавноста

19 февруари 2018

Светското внимание вчера беше свртено кон Лондон, каде се одржа 71-то издание на БАФТА. Она за што се зборува ден потоа е појавувањето на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Од моден аспект и оваа манифестација одлучи да го поддржи движењето #MeToo, односно #TimesUp, па црвениот килим беше повторно резервиран за црни креации.

Анџелина Џоли, Џенифер Лоренс, Маргот Роби се само дел од познатите што ја дадоа својата поддршка. Но, не и Кејт Мидлтон. 

Таа се појави во смарагдно зелен лелеав фустан, зад кој се потпишува дизајнерката Џени Пекам, а кој на половината има тенка црна панделка.

Без разлика што Војвотката од Кембриџ изгледа прекрасно во креацијата, многумина ваквиот нејзин чекор разочара многумина. Иако членовите од кралското семејство не смеат да изразуваат поддршка на било што што може да се толкува како политички став, многумина сметаат дека Кејт овој пат навистина потфрли.

Како некој што има влијание и се појавува на ваква врвна манифестација, јавноста смета дека немаше да биде никаков проблем да ја изрази својата поддршка кон жените жртви на сексуално насилство, па дури тоа да значи и кршење на кралското правило.

На социјалните мрежи се појавија бројни негативни коментари на нејзина сметка и тоа во насока дека ги разочарала со ваквата постапка, како и тоа дека нејзината одлука да не изрази јавна поддршка е срамна (особено што Камила Паркер јавно ја изрази својата и создаде атмосфера за дискусија).

Од друга страна, кралското семејство не се огласи по повод негативните коментари. Постојат и толкувања дека со црниот ремен и панделката и црниот клач, таа сепак сакала да даде до знаење дека ги поддржува жените жртви. Други сметаат дека изборот на бојата е мудар, не е црна, но е доволно темна за сепак да може да соодветствува на темата.

Меѓу критичарите има и такви што сметаат дека Кејт можела да облече црн фустан со принт и со тоа да ги задоволи и кралските правила, но и одлуката на БАФТА да ги поддржи жените и да го изрази своето негодување за сексуално и какво било друго насилство врз жените.

На црвениот килим се појави и женска група протестантки кои носеа маици со натпис „Time's Up“.

Што мислите вие на оваа тема?

Објавено:
19 февруари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.070 пати