Кејт Мидлтон во стилот на Џеки Кенеди

30 јуни 2017

На отворањето на новиот изложбен простор во лондонскиот „Викторија и Алберт" музеј, присуствуваше и Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

@ katemiddleton_duchess

Веќе стана сосема вообичаено и очекувано, секое нејзино јавно појавување да биде ново возбудливо визуелно доживување.

@ katemiddleton_duchess

Секогаш знае да се соочи со предизвикот на нејзината функција во британското општество и да го одбере соодветниот изглед за конкретната пригода.

@ katemiddleton_duchess

Така беше и овој пат. Кејт прв пат на себе облече модел на Гучи и покажа како се носи твид и во лето, иако важи претежно за текстил кој се користи во изработката на зимските парчиња облека.

@ katemiddleton_duchess

Елегантниот црно-бел комплет со нагласени црвени паспули, потсетува на префинетиот стил на поранешната Прва дама на САД, Џеки Кенеди.

@ katemiddleton_duchess

 

Објавено:
30 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.039 пати