Кејт Мос фантастична во новата кампања на „Александар Меквин“

23 јули 2019

Легендарната Кејт Мос повторно во модна кампања! Иако ретко се согласува да се фотографира, овој пат направи исклучок за една од нејзините омилени модни куќи, „Александар Меквин“.

Таа е новото заштитно лице на рекламната кампања за есен-зима и на фотографиите изгледа совршено. Главната дизајнерка на брендот, Сара Бартон, одлучи за потребите на снимањето тимот да го прошета до својот роден град, Маклсфилд во северна Англија.

Зад фотографиите се потпишува Џејми Хокесворт, а истите се направени на една фарма.

Кејт Мос носи неколку впечатливи креации од колекцијата, а интензивните бои кои се провлекуваат, дизајнерката претходно откри дека се инспирирани од Црвената роза на Ланкастер.

Во продолжение погледнете ги фотографиите и Кејт, која уште еднаш покажа дека супермоделите од 90-тите се секогаш одличен избор!

 

Објавено:
23 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
504 пати