Кејт Мос ќе го прослави 40-тиот роденден со документарен филм

4 јануари 2014

 

Kate-Moss-Liu-Jo-FW12-1

На 16-ти јануари Кејт Мос ќе го прослави својот 40-ти роденден, а тоа ќе го одбележи „на големо“. Во чест на нејзините две и пол децении во модата индустрија, како и роденденот, францускиот канал Paris Premiere на 12 јануари ексклузивно ќе го прикаже документарниот филм посветен токму на Мос.

„Looking for Kate“ е насловот на документарецот, но нема да биде исполнет само со пофалби и убави нешта. Според париското издание на Вог, филмот ги открива и „темните аспекти на жената која е позната ширум светот, но нејзината суштинска приказна е во мистерија“.

kate-moss-98132

Многу често Мос беше во центарот на скандалите, па во средината на минатата деценија во центарот беше нејзината романса со Пит Доерти, а тогаш беа запоставени од страна на медиумите нејзините успеси во кариерата.

Документарниот филм содржи и интервјуа и разговори до луѓето со кои Мос работела во текот на кариерата, вклучувајќи ги Исабел Марант, Паило Роверси, Питер Линдберг. Се уште не е познато кога останатиот дел од светската публика ќе има можност да согледа нови моменти за светски познатата моделка.

Kate-Moss-in-Vogue-US-April-2012-Couture-Editorial-9-645x500

Објавено:
4 јануари 2014
Категорија: 
Актуел