Кејт Мос vs Џиџи Хадид: Која заработува повеќе?

6 февруари 2018

Британскиот модел Кејт Мос најави дека повеќе ќе се посвети на уредничката позиција во „Вог“ а помалку ќе ја гледаме на писта или кампањи. Но, изгледа да се излезе од моделството, со кое активно се занимава од 1988 година и не е така лесно.

Таа е еден од најпознатите, но и сè уште најбараните модели ширум светот, а за тоа говори и нејзината заработувачка.

 

Со години наназад (од 2002 година) на листата на „Форбс“ на најплатени модели врвот го чува Жизел Бундшен. Тоа траеше до 2017 година, кога првото место го зазема Кендал Џенер.

Кејт пак, во 2016 година се најде на 13-тото место, со заработувачка од 5 милиони долари на годишно ниво. Следната година пак, заработе седум милиони, но повторно не се најде меѓу топ 10.

Британката зад себе има кариера долга 30 години. За првпат се појавува во 1988 година, кога има 14 години. Изминатиов месец наполни 44 години, а сè уште може да се пофали со бројни ангажмани, така што за неа тоа што не е на листата на „Форбс“ не значи дека сметката во банка ѝ е мала.

Со ангажманите за дизајнерот за накит Дејвид Јурман, Стјуар Вајцман, „Барбери“ и други дизајнери, Кејт речиси секоја година заработува пет милиони долари – минимум. За потсетување, лани се случи соработката со „Топшоп“, што ѝ овозможи уште поголема заработувачка.

Во 2014 година беше прогласена за Најбогатиот модел во Британија, со заработени 70 милиони долари (50 милиони фунти) за време на кариерата. Во тоа време, Наоми Кембел има 28 милиони долари. Кејт ја држеше оваа титула сè до 2017 година, кога првото место го зазема Кара Делевињ. Младата моделка таа година заработе 11 милиони долари, а Кејт седум.

Но, ако се гледа вкупната вредност на богатството на Кејт Мос за овие 30 години работа, таа во моментов изнесува 80 милиони долари, што во секој случај е неверојатно добро, уште ако на тоа додадете дека се приспособува на сите нови трендови што ги носи модната индустрија и опстојува три декади, Кејт навистина е една од неприкосновените модели.

Од друга страна пак, е Џиџи Хадид. Оваа 22-годишна девојка се појавува во модниот свет во 2013 години (на 17-годишна возраст). Веќе следната, 2014 година, се најоѓа во топ 50 модели на ранг листата на Models.com;.

Според „Форбс“, таа во 2016, односно 2017 година зарабтила 9.5 милиони долари, што ѝ овозможило да се најде на место број пет.

За и повеќе од солидната заработувчка придонесуваат колекциите со Томи Хилфигер, како и Инстаграм популарноста, ангажманите за „Шанел“, „Макс Мара“, „Том Форд“, а беше ангажирана и од „Maybelline“ да креира капсулна колекција.

За овие пет години колку што е активна, нејзиното богатство во моментов се проценува на 13.5 милиони долари.

Тоа значи дека е на добар пат да го достигне успехот на Кејт Мос. Ако продолжи со ова темпо да заработува, за 25 години (односно 30 години кариера), нејзиното богатство ќе има околу 40 милиони долари, колку што има и британскиот модел.

Некои сметаат дека бројката може да биде уште поголема, и дека Џиџи е на добар пат да го следи примерот на својата мајка Јоланда, која од својата кариера на модел има богатство што се проценува на 45 милиони долари.

Потенцијалот на Џиџи, како и безвременоста на Кејт Мос успеа да ги препознае и Стјуарт Вајцман, па ги спои двете моделкки во најновата кампања за обувки.

А резултатот ви го презентираме во продолжение.

 

 

Објавено:
6 февруари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
570 пати