Кендал Џенер е Mодна икона на деценијата

1 септември 2017

Од навидум скромна и ненаметлива девојка, Кендал Џенер на претстојната модна недела во Њујорк ќе биде прогласена за Модна икона на деценијата.

фотоизвор: people.com

Кога ќе добиете ваква награда од престижна манифестација, работите дури сега веќе нема да бидат исти. Со ова признание таа сега буквално се вивна во модната елита.

Инаку, признанието ќе ѝ биде врачено на 8-ми септември, во рамки на „Daily Front Row 2017 Media Fashion Awards“, чиј домаќин ќе биде плус-сајз моделот Ешли Греам.

Меѓу останатите наградени ќе биде и Марио Тестино и тоа за Креативец на годината, додека Џордан Барет е машки модел на годината.

фотоизвор: harpersbazaar.com

Твитер заедницата не остана нема на оваа вест. Сметаат дека изборот воопшто не е соодветен. 

„Девојката позира постојано со истата здодевна фаца, нема направено дури ни 10 различни фото-сесии, и вие ќе ѝ дадете награда „Модна икона на декадата“... Трагично“, „Се извинувам, Ријана умре? Дали Ријана почина, а јас не знам... Зошто оваа ја прима наградава?“, „Ја сакам Кендал, но зошто ја прима оваа награда, кога е сè уште дете“, се дел од коментарите. Сепак, меѓу нив најголемо внимание привлече следниов: „Модна икона на деценијата?! Па таа пред десет години имала 11 години!“, забелешка со која многумина се согласија, потенцирајќи дека списокот со личности што би можеле да ја добијат оваа награда наместо неа е голем.

фотоизвор: vogue.com

Семејството Кардашијан-Џенер веќе се навикна секој нивни успех да биде атакуван и оспоруван, па веројатно Кендал нема премногу да се потресе за негативните коментари, бидејќи како и да е, таа ќе биде Модна икона на деценијата, титула што ќе ѝ донесе уште повеќе ангажмани и богатство.

Што мислите вие за овој избор?

фотоизвор: vogue.com

фотоизвор: vogue.com

фотоизвор: vogue.com

фотоизвор: glamour.com

Објавено:
1 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.235 пати