Кендис Сванпул сензационална за насловната на Вог!

23 мај 2013

Зошто токму таа е една од омилените ангели на Викторија Сикрет, Кендис Сванпул покажа во најновиот број на австралискиот Вог, позирајќи пред објективот на Виктор Демаркелиера.

 

 

Покрај тоа што ја сликаше насловната страна, оваа згодна јужноафриканка се појавува и во едиторијалот на магазинот, чиј акцент е ставен на нејзиното совршено извајано тело, за кое воздивнуваат милиони мажи и жени низ светот.

 

 

Стилистката која се погрижи за ова модно претставување да биде толку впечатливо е Кејти Мусман, а Кендис блесна во еден пролетно спортски дух носејќи креации на Миу Миу, Марк Џејкобс, Шанел и одличните костими за капење во пруги на Мајкл Корс.

Во продолжение уживајте во едиторијалот:

 

 

 

 

 

Објавено:
23 мај 2013
Категорија: 
Актуел