Ким и Канје го добија четвртото дете

11 мај 2019

Популарниот пар Ким Кардашијан и Канје Вест го добија нивното четврто дете, со помош на сурогат мајка.
Веста дека добиле син, вчера на Твитер ја потврди Ким.

„Го добивме нашиот син и совршен е!", напиша Ким во својата објава на социјалната мрежа.

Семејството минатата година во јануари со помош на сурогат мајка ја доби и ќерката Чикаго, додека нивниот син Сент има 3 години, а најстарата ќерка Норт наскоро ќе наполни 6.

Името на бебето, кое е десетти внук на Крис Џенер, сè уште не го соопштиле.

Деновиве Ким беше актуелна и со нејзиното присуство на Мет галата, каде се појави во фустан со екстремно нагласена тенка половина, што отвори и многу дискусии во јавноста, што веројатно и беше нејзина цел – да се зборува за неа, без разлика дали е во позитивен или негативен контекст.

Фото: Harper's bazaar

 

Објавено:
11 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.479 пати