Ким Кардашијан во креација на нашиот дизајнер Тони Матичевски

29 август 2014

Старлетата Ким Кардашијан очигледно е вљубена во креациите на дизајнерот со македонско потекло Тони Матичевски. Откако на 51 – то издание на доделувањето на Греми наградите во 2009 – тата година таа се појави во прекрасен кус бел фустан од неговата колекција, деновиве таа повторно се одлучи за негово парче.

Греми награди 2009 - та година Греми награди 2009 - та година

За еден од нејзините многу стајлинзи што обожува да ги менува во текот на денот, таа направи одлична комбинација на розово здолниште со висок струк и неправилна панделка на средината и со ултра длабок, секси шлиц.

Здолништето, Ким го комбинираше со розово палто со златни копчиња од колекцијата на Балман, нежно боди на Алаја и црни сандали со висока потпетица на Ермес.

Розовото здолниште е дел од колекцијата пролет-лето 2014/2015 година на дизајнерот и истото може да се најде на неговата официјална страна.

Неодамна, на доделувањето на годинешните МТВ Видео награди, во одлична црна креација на Матичевски се појави и австралијанската водителка Рене Барг, исто така дел од пролетната колекција на дизајнерот.

Дека неговите креации се навистина барани ширум светот, докажува и сѐ поголемиот број на светски ѕвезди што носат негови креации меѓу кои и топ – моделот и поранешна Мис на универзумот, прекрасната Лаура Дундовиќ и боливудската популарна актерка Сонам Капур.

Објавено:
29 август 2014
Категорија: 
Актуел