Кинески стјуардеси носат Висока мода

12 јули 2017

Модната недела во Париз посветена на Високата мода заврши, но она за што сè уште се зборува е учеството на авиокомпанија од Кина.

Hainan Airlines за првпат се претстави во рамки на вакво шоу и на светот му покажа дека и стјуардесите можат да бидат облечени во нешто што се нарекува Висока мода.

Освен да се избега од стереотипните униформи, целта е и да се потенцира традицијата на земјата и авиокомпанијата.

„Униформите се комбинација на класичната, ориентална естеика и силуета на модерната облека од Запад. Креациите се инспирирани од традиционален кинески фустан. Украсени се со принт на облаци, море, небо, планиниа, како и птицата Рух, која во митологијата претставува сила. Со ова се поттикнува и доброто полетување на авионот“, се вели во соопштението на компанијата.

Всушност се работи за фустани со ¾ ракави, вистинската доза на скромност и елеганција. Со нив во комбинација одат и палта, со истата доза на елеација, женственост и естетика.

Истите се креација на дизајнерот Лоренс Ксу, на кого му требало две години и преку 1.000 шеми, пред да одлучи како ќе изгледа финалниот дизајн.  

„Ние не создадовме само нова униформа, туку во исто време ја презентираме интернационалната слика за нашата авиокомпанија. Особено кога се работи на меѓународните рути, сакаме да им дадеме до знаење на патниците дека Кина е модерна и тренди“, велат од комапнијата.

Инаку, претходните униформи, црвено-сиви се четвртата генерација униформи, што се носеле од 2010 година.

 

фото извор:hainanairlines.com

Објавено:
12 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
397 пати