Кит Харингтон е најлошо облечениот маж за 2017 година

5 декември 2017

Британското издание на GQ традиционално го направи изборот на најдобро и најлошо облечени мажи.

На позитивната листа првото место го зазема актерот и поранешен фудбалер Мет Смит.

Зад него е A$AP Rocky, па Џеф Годлблум. На листата и оваа година се најде младиот Хери Стајлс, кој го зазема четвртото место. Пад на листата забележи актерот Ендру Гарфилд, а меѓу првите десет се најдоа и Рајан Рејнолдс (8), Бруклин Бекам (9) и дизајнерот Алесандро Микеле (10).

Но, она што повеќе го привлече вниманието на медиумите е првото место на негативната листа.

Ѕвездата на „Игра на тронови“, Кит Харингтон според „GQ“ е најлошо облечениот маж за 2017 година.

Годинава од дел од медиумите беше прогласен за најубав маж, но според овие резултати, најубавиот не е и најдобро облечен.

Со оглед на тоа дека заработува по половина милион долари од епизода, веруваме дека актерот многу лесно ќе ги реши проблемите во стилот.

На листата на 10 најлошо облечени мажи се наоѓаат и Пол Мертон (2), Морисеј (5), Џо Викс (10).

 

фото извор: time.com; gq.co.uk; popsugar.com;

Објавено:
5 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
635 пати