Кит Харингтон на тронот на Џими Чу

20 март 2014

Модната компанија Џими Чу ја именуваше ѕвездата од мегапопуларната серија „Game of Thrones“, Кит Харингтон за заштитно лице на новата машка колекција. Британскиот актер во склоп со кампањата ќе го промовира новиот парфем за мажи Jimmy Choo Man, чевли, чанти, но и очила за сонце што Чу ги дизајнираше во соработка со Carrera.

„Кит совршено го отелотворува духот за тоа како треба да изгледа мажот кој носи Џими Чу. Тој има природен сенс и примамлива машкост, како и неверојатно чувство за стил. Неговиот кул став и сензуалност во однесувањето во целост го отсликува урбаниот и модерен британски џентлмен“, изјави денес за медиумите креативниот директор на куќата, Сандра Чои.

„Многу сум возбуден што сум избран да ја водам кампањата на еден толку почитуван бренд“, додава актерот.

Парфемот Jimmy Choo Man, ќе биде лансиран во септември, кога ќе бидат промовирани и фотографиите од кампањата.

Објавено:
20 март 2014
Категорија: 
Актуел