Ќе се снима документарец за Tiffany & Co

20 јануари 2014

 

Најголемата компанија за накит која беше инспирација за еден од најгледаните филмови на сите времиња „Појадок кај Тифани“ со Одри Хепберн во главната улога конечно ја потврди веста за снимање на документарен филм чија тематика ќе биде 177 годишната историја и постоење на овој бренд.

 

 

Се очекува филмот да биде исто толку инспиративен колку и самиот накит и дека ќе оствари висок профит и рејтинг на гледаност. Режисер на филмот ќе биде Метју Мјеле, а неговата промоција треба да се случи наредната пролет 2015 година.

 

 

Според Мјеле филмот ќе биде вистинско ремек дело и ќе претставува трофеј кој ќе заокружи скоро двевековно постоење, творење и дизајнирање на уникатни парчиња накит.

Објавено:
20 јануари 2014
Категорија: 
Актуел