Ќерката на Џад Лоу ново заштитно лице на Барбери

17 јануари 2017

Новото лице на модната сцена се вика Ајрис Лоу има 16 години и е ќерка на актерите Џад Лоу и Седи Фрост. Ни повеќе ни помалку, првиот ангажман и е за декоративната козметика на брендот Барбери, Burberry Beauty's Liquid Lip Velvet.


Во своето прво интервју ќе изјави дека е сè уште во средно училиште, како и поголем дел од нејзините врсници ја сака модата и има желба да биде дел од тој свет целосно. Вели дека ужива кога е пред фотоапаратот и се буди креативноста и амбициозноста.

Исклучителна чест ѝ е да биде дел од оваа кампања на Барбери пред сè затоа што ги поддржува британските актери и музичари.
Ништо не е случајно во шоу бизнисот !

Објавено:
17 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
679 пати