Ќерката на Мајкл Џексон заштитно лице на Калвин Клајн

10 мај 2017

Ќерката на Мајкл Џексон се повеќе привлекува внимание и е веќе крунисана како девојка на модерниот момент.

Таа има 19 години и веќе сосема сигурно го обезбедува првиот ред во модниот свет со кампањата на Шанел.Таа веќе има потпишано договор со една од најдобрите модни агенции IMG Models кои во нивните редови се веќе Кендал Џенер и Џиџи Хадид.Своето прво деби Парис го имаше на црвениот килим на Мет гала.

Ќерката на Мајкл е одлучна да остане што подолго во овој моден бизнис, но секако Холивуд како опција не и бега. Таа своето деби веќе го имаше во филм на Амазон продукција, трилер каде ја игра улогата на Пени, проблематична млада девојка која е вмешана во криминален скандал за време на едно патување во Мексико. Игра заедно со Шарлиз Терон, Аманда Сејфрид и Тенди Њутон.


Во меѓувреме Парис потпиша милионски договор со Калвин Клајн како заштитно лице и ќе биде на насловната страна на австралиското издание на Вог. Никако не смее да се потцени Парис овие денови оти е извонредно истрајна во тоа што го прави.

 

Објавено:
10 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.543 пати
Извор: 
buro 24/7 mexico