Ќерката на Синди Крафорд потпиша договор со агенцијата IMG Models

9 јули 2015

Познатата модна агенција IMG Models на својот профил на Инстаграм објави фотографија со ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер, со која и посакаа  добредојде во нивното семејство.

Малата копија на Крафорд, 13-годишната Каја сега и официјално е член на елитната модна агенција, а веќе зад себе има неколку значајни проекти како модел.

Нејзиното веќе богато портфолио ги вклучува и ангажманите за Версаче Јуниор кога имаше само 10 години, потоа едиторијалот за италијанскиот Вог, а минатата година пак се појави во тинејџерското издание на истиот магазин.

Не постои сомнеж дека Каја ќе биде новата Синди Крафорд, но прашањето е дали можеби и ќе го надмине успехот на мајка си?

Објавено:
9 јули 2015
Категорија: 
Актуел