Класиката не смее да излезе од мода

22 февруари 2016

Изминатиов петок штипјани, а и сите оние што ги интересира модна фотографија имаа можност во „Дом на млади“ да присуствуваат на првата самостојна изложба на фотографии на Благој Китановски.

Изложените фотографии се во црно-бела техника, минимални и едноставни, а за реализирање на проектот Китаноски работел со пет модели. Од нивните презимиња доаѓа и името на IKBKG (Исуфи, Крстова, Бутевски, Китановски, Ѓорѓева), под кое се води и модниот блог на овие млади, од каде доаѓаат и дел од фотографиите што беа изложени.

-Со оглед на тоа дека темата и целта на самиот проект беа да се направи паралела на класиката како стил од минатото и она што се повеќе е носливо во денешницата , ние, како членови од тимот IKBKG сме многу изненадени од посетеноста на изложбата. Се надеваме дека успеавме да продреме во бескрајната мистерија на постоењето која никој до сега колку и да се трудел не ја одгатнал – вели тимот што стои зад настанот.

Тие додаваат дека различноста на луѓето придонесува за различни агли на перцепција, а севкупната разновидност и различност создава суптилен систем на знаења.

-Нашиов формиран од шест различни човечки битија сплотени во едно, со една цел: да го подигнеме она што одамна паднало-класиката. Затоа што годините се нижат, а спомените остануваат како некое далечно минато. А, ние, имајќи право на избор и слободна волја можеме да одбереме дали ќе дејствуваме во сегашноста. Направивме нешто со кое што ќе се гордееме и ќе бидеме задоволни, а не разочарани затоа што сме можеле, а не сме направиле. Затоа што животот е карта во еден правец, без можност за повратен билет, животот не е само стремеж кон среќата, животот е остварување! – порачува тимот.

Инаку, Китановски кој се потпишува зад фотографиите, е  студент на  Технолошко- техничкиот факултет при УГД - отсек Текстил, дизајн и менаџмент и воедно фотограф за студентското списание. 

 

Објавено:
22 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
247 пати