Фантастичната Клер Вајт Келер од Живанши ја освои наградата за најдобра британска дизајнерка за изминатата година, откако во нејзината категорија ја „победи“ популарната Викторија Бекам.

Фото: Getty Images - Harpers Bazaar

На „Британските модни награди“ во прекрасен црн фустан од сопствената колекција се појави и Викторија Бекам заедно со нејзиниот сопруг Дејвид и синот Бруклин, иако не ја освои главната награда во категоријата „најдобар моден дизајнер“.

Наградата за „модел на годината“ ја освои ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер која зад себе имаше навистина успешна година.

Дел од церемонијата беа некои од најголемите и најпочитувани дизајнери и модели меѓу кои и Вивиен Вествуд, Кејт Мос, Карен Елсон, Кендал Џенер и други.

За најдобар бренд за изминатата година беше прогласен Гучи, за најдобар дизајнер на модни додатоци Демна Гвасалија од Баленсијага, за исклучителен придонес во модата Миуча Прада, додека за најдобар дизајнер за машка облека, Пјерпаоло Пичоли за Валентино.

Во галеријата погледнете како изгледаа ѕвездите на една од најспектакуларните и најважни манифестации во Британија.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
11 декември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
248 пати