Кога архитектурата и високата мода ќе се спојат

6 декември 2017

 Заха Хадид е родена во Багдад, школувана во Англија. Умира ненадејно на 65-годишна возраст од срцев удар.

Престижното списание ELLE ја објавува оваа фотосесија со модели од најдобрите светски дизајнери.

Моделите се haute couture и совршено се вклопуваат во нејзините кубистички форми преку фрагментарната геометрија, нешто што таа го работеше целиот незјин живот.

Инаку за оваа фотосесија се вклучија брендовите: „Валентино“, „Скјапарели“, „Версаче“, „Армани“, „Џамбатиста Вали“, „Шанел“, „Фенди“ и „Диор“.

Заха Хадид е првата жена и прва муслиманка кој ја добила Прицкеровата награда за архитектура во 2004 година, а во 2010 и 2011 година била добитник и на Стерлинговата награда.

Во 2012 година, кралицата Елизабета II ја назначила Хадид за Дама-заповедник на Британската Империја, а таа била и првата жена наградена со Кралскиот златен медал во 2015 година.

Незјини најзначајни дела се : Кардифбејска опера - Кардиф, Велс; Прајс тауер; Сигничр тауерс; Павилјон на мостот; MAXXI Национален музеј на уметностите од 21 век;  Центарот за водени спортови во Лондон...

Објавено:
6 декември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
203 пати