Кога Чендлер од „Пријатели“ ви е инспирација за што да облечете...

18 ноември 2019

Омиленото друштво од серијата „Пријатели" повторно е популарно, откако неодамна најавија обединување на комплетната оригинална постава за снимањето на нова, специјална епизода.

Па кога сме веќе на темата „Пријатели", наидовме на интересен, но невообичаен спој помеѓу карактерот на Чендлер и актуелните модни тенденции.

Да, звучи неспоиво, но британската модна блогерка Лидија Роуз, токму во ретро имиџот на Чендлер пронајде инспирација за своите тренди деловни комбинации.

Таа на својот профил на Инстаграм, објави неколку фотографии на кои е направена споредба од конкретна сцена со Чендлер и неговиот имиџ, и модерна комбинација што е пресликана во современото секојдневие, а може да ви послужи како реална инспирација што да носите следниот ден на работа или во некоја поопуштена ситуација.

Меѓу предлозите ќе наидете на такви што вклучуваат панталони со висок струк, карирани блејзери, ролки и памучни блузи, комбинрани со чанта со кратка рачка, што е одлична солуција за бизнис изглед.

Што мислите за идејата?

 

Објавено:
18 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.659 пати