Кога ќе се спојат Ријана, Маноло и Тимберленд...

15 ноември 2016

...Се добива нова колекција обувки.  Ријана и Маноло Бланик одлучија повторно да соработуваат.

После успехот со високите чизми на Рири и колекцијата од џинс лансирана во мај годинава, чиј најдобар промотор беше Џенифер Лопез во спотот „Ain't your mama“,  тие ги споија креативните идеи овој пат, за создавање на зимски обувки. 

Инатересно е што инспирацијата ја новите чизми се моделите на Тимберленд.  Но, и ова не е голема новост, ако се потсетиме дека во Маноло веќе се инспирираше од овие модели, создавајќи Тимберленд чизми со високи потпетици. Тие беа вистински бум, особено меѓу познатите, пат ги гледавме и во спотот на Бијонсе „Bonnie&Clyde“, како и „Jenny From the Block“ на Џенифер Лопез.

Новата верзија ќе бидат обувки со крзно, во беж и кафена нијанса. Се работи за два модела – високи чизми и чизми до глужд и нивната цена ќе изнесува 1.345 долари.

Покрај овие два, Рири создаде уште едни високи чизми од кожа, со брокатни детали, како од колекцијата „Марија Антоанета“, со цена од 2.985 долари.

Новата колекција на Ријана и Маноло Бланик ќе биде лимитирана, а ќе може да се купи во одбрани бутици на Маноло Бланик и неговата онлајн страна и тоа веќе од утре. 

Објавено:
15 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.475 пати