Кога Меланија се облекува лежерно...

22 јуни 2017

Кога Меланија се облекува лежерно, тоа не значи дека цената е нешто помала. Последниве денови низ странските медиуми се кометираат нејзините лежерни комбинации,кои ги носеше за време на викендот во Camp David, а за кои многумина се согласија дека уште подобро ѝ прилегаат.

Таквиот стил го наметна уште Мишел Обама. Всушност, нејзината модна револуција се однесува токму на вклучувањето на лежерни парчиња и фустани во изгледот на првата дама, и воопшто политичарките, што претходно било незамисливо. Костимчињата биле императив.

фото извор: Harper's Bazaar/Getty

Но, колку чини кога Меланија ќе се облече лежерно?

Последната комбинација вклучува каки џинс (чија цена е околу 200 долари), бела кошула и модни додатоци. Чантата од „Селин“ чини околу 3.000 долари, додека Маноло Бланик сандалите од питон речиси 800 долари. Со оглед на тоа дека не ја знаеме цената на кошулата и очилата за сонце, може да речеме дека оваа едноставна комбинација чини преку 4.000 долари.

Претходно се поајви во прекрасен кошула-фустан на Габриела Херст, чија цена изнесува речиси 1.800 долари, а во комбинација со ремен од „Мајкл Корс“ и кафени кожени балетанки. Значи тоа се повторно над 2.000 долари.

фото извор: Harper's Bazaar/Getty

фото извор: Harper's Bazaar/Getty

Меланија во Camp David првиот ден се појави во панталони  и маица од „Долче и Габана“(кои чинат повеќе од 2.000 долари), искомбинирани со „Биркин“ чанта од „Ермес“ (која чини околу 10.000 долари)

Собрано сè заедно, комбинациите (за кои знаеме) чинат преку 18.000 долари. Ова е значително помалку во однос на „озлогласеното“ палто од „Долче и Габана“ кое чинеше преку 51.000 долари. Но, сепак е интересен износ, ако се има предвид дека Мишел Обама за време на кампањата (каде има уште повеќе појавувања) имала предвиден износ за облека од 150.000 долари, износ што госпоѓата Трамп некогаш го троши и во еден ден.

фото извор: Harper's Bazaar/Getty

Сепак, дел од медиумите нагласуваат дека со оглед на тоа дека Меланија плаќа за облеката што ја носи и тоа од приватниот буџет, а не ја добива на подарок, нешто што не беше случај со Мишел Обама, па затоа и не треба да се потенцира толку многу за цената на парчињата што ги носи.

Објавено:
22 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.540 пати