Кои дизајнери стојат зад униформите за Олимписките игри во Рио?

5 август 2016

Летните олимписки игри се на прагот, а многу наскоро сѐ ќе биде поврзано со овој голем и неверојатно значаен спортски настан.

Неодамна ви ги претставивме униформите на тимот на Куба создадени од големиот Кристијан Лубутан кој заврши одлична работа.

Сите останати дизајнери на кои им беше доделена честа да креираат униформи за спортските тимови од различни земји во светот, успешно ја завршија својата работа, а во продолжение ги гледаме нивните дела.

Стела Мекартни – Велика Британија

Таа е една од најпознатите светски дизајнерки кои секогаш се грижат за доброто на планетата земја, а впрочем и обожува да спортува, па затоа не беше воопшто чудно што токму Стела Мекартни ги креираше униформите за тимот на Велика Британија. Истите ги направи во соработка со Адидас со чиј тим има соработувано и претходно, а според прикажаното, тие завршија супер работа.

Поло Ралф Лорен – САД

Сосема во стил на брендот, тимот дизајнери на Ралф Лорен за спортистите на САД создаде елегантни униформи во пруги направени од ултра квалитетни материјали. Нивните униформи се составени од куси бели панталони, бели и сини кошули во комбинација со маички на пруги, ремени во боја и стилски мокасинки.

Лакост – Франција

Дизајнерскиот тим на брендот се погрижи униформите за Франција да бидат олицетворение на парискиот стил и елеганција и во тоа и успеаја. За тимот на Франција тие создадоа шик тренерки во бела боја комбинирани со темно сини детали и модерни мантили.

H & M – Шведска

Повеќе од очекувано беше дека high street брендот H & M ќе ги креира униформите на тимот на Шведска од каде брендот и првично потекнува. За спортистите од нивната родна земја, дизајнерите создадоа модерни и тренди спортски парчиња од рециклиран полиестер и квалитетни материјали во кои секој од нив изгледа навистина одлично!

Dsquared2 – Канада

Близнаците Дин и Ден Катен се патриотски наклонети кон боите на знамето на нивната земја, па за оваа прилика креираа долги асиметрични маички токму со омилениот симбол, во црвена, црна и бела боја. Тие се погрижија и за модните детали, па така ставија стилски ордени во предниот дел.

Кристијан Лубутан – Куба

Нема подобар од Кристијан Лубутан кога е во прашање луксузот. Францускиот дизајнер и спортистот Хенри Таи ги здружија силите и создадоа фантастични униформи составени од елегантни црвени и крем костими и секако, супер чевли.

Извор: Buro 24/7

Објавено:
5 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
507 пати