Кои се 10-те најпродавани модни артикли годинава?

9 август 2017

Респектабилната публикација Business of Fashion направи истражување на пазарот кое се однесува на најпродаваните брендови и артикли во вториот квартал од 2017 година.

Според нивното истражување, Гучи е брендот што ужива најголема популарност, има најголемо влијание кај потрошувачите, а дури четири парчиња од овој бренд се најдоа на листата Топ 10 најкупувани.

Во однос на претходниот квартал, Гучи напреднал за две места оставајќи ги зад себе брендовите како Yeezy и Vetements.

Според BOF, овој напредок на Гучи не е случаен туку е резултат на внимателно осмислениот маркетинг и насоченоста кон дигиталните платформи за рекламирање, каде сега се присутни 50% од најдобрите купувачи, од таканаречената Z генерација.

Во продолжение ги селектираме десетте најпродавани модни парчиња според ова истражување.

1. GG bloom supreme slide sandal

2. Opyum Pumps, Saint Laurent

3. GG logo belt, Gucci

4. Nile bag, Chloé

5. Logo slides, Givenchy

6. Play low top sneakers, Comme des Garçons

7. Pussy-bow silk crepe de chine dress, Gucci

8. Ace low top embroidered sneaker, Gucci

9. Original achilles low top sneaker, Common Projects

10. Serafina Dress, Diane Von Furstenberg

 

Објавено:
9 август 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.312 пати