Кои се македонските бизнис жени што ја промовираат колекцијата на Олгица Ѓоргиева?

13 декември 2013

Македонската дизајнерка Олгица Ѓоргиева неодамна изработи нова, бизнис колекција која денеска во меморијалниот центар „Никола Кљусев“ ќе биде промовирана од 10 македонски жени од деловниот свет.

Дизајнерката денеска ги објави и ексклузивните фотографии на кои можат да се видат жените што се дел од нејзината нова колекција и кои на достоен начин ги промовираат парчињата.

Претставничките на бизнис колекцијата „Unrestricted“ на Олгица се Љупка Наумовска - сопственик на Ханибиз, Снежана Лупевска - продуцент и новинар, Марта Наумовска Грнарова – генерален менаџер на Завар Компани, Билјана Василева Трендафилова - новинар и уредник во МРТ, Анета Пешева – директор на Ултра, Славица Николовска – основач на Македонска мрежа на ментори, Билјана Трајковска- сопственик на винарија и дестилерија Трајковски “Traikovsky Wines & Spirits”, Билјана Зафирова - главен и одговорен уредник на republika.mk, Ли Вебер Турковиќ – директор на Контент маркетинг и самата Олгица Ѓоргиева.

„Оваа идеја ја имав веќе подолго време, но сега некако дојде вистинскиот момент да ја реализирам. Секое парче од колекцијата е носливо и всушност се работи за многу едноставни парчиња“, изјави неодамна Олгица за fashionel.mk.

Објавено:
13 декември 2013
Категорија: 
Актуел