Кои се највлијателните модни брендови?

15 март 2017

Консалтинг компанијата „Бренд Финанс“ неодамна ја објави листата на највлијателни модни брендови за изминатата година. Во истражувањето се вклучени 50 брендови, а експертите се фокусирале на проценката за продажба, маркетинг инвестирање, „brand awareness“, квалитетна производите, задоволни вработени и репутација на комппанијата.

Според резултатите првите три места се резервирани за „Најк“, „H&M“ и „Зара“

„Најк“ на годишно ниво остварил заработка од 32 милијарда долари, што е 13% повеќе од претходната година. На успехот влијеле и различноста на таргет групите, кампањите, како и лансирањето на плус-сај линија, како и спортска опрема со хиџаб.

Профитот на „H&M“ изнесува 19 милиони долари, за што е заслужна широката распространетост на продавници ширум светот, како и следењето на потребите и желбите на клинетите.

 Кој сè се најде меѓу првите десет, погледнете во продолжение:

 

Најк – 32 милијарди долари

H&M – 19 милијарди долари

Зара – 14.4 милијарди долари

Луј Витон – 13 милијарди долари

Адидас – 10 милијарди долари

Јункло – 9.6 милијади долари

Ермес – 8.3 милијарди долари

Ролекс – 7 милијарди долари

Гучи – 6.8 милијарди долари

Картие – 6.7 милијарди долари

Објавено:
15 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.061 пати