Кој е новиот креативен директор на Роберто Кавали?

10 мај 2017

Откако дизајнерот Питер Дандас во октомври ја напушти позицијата креативен директор во италијанскиот бренд Роберто Кавали, период од неколку месеци се шпекулираше со имињата, кој ќе застане на чело на брендот.

Денеска модната куќа излезе со официјално соопштение дека за нов креативен директор е именуван Пол Сериџ.

Британскиот дизајнер доаѓа на оваа позиција, по неговиот последен ангажман во Acne Studios. Неговото професионално портфолио вклучува соработки со звучни имиња од модната индустрија како Калвин Клајн, Џил Сандер и Барбери.

Неговата прва колекција за Роберто Кавали ќе имаме можност да ја видиме на модната недела во Милано во 2018 година.

 

Објавено:
10 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
158 пати